Маричиќ: Нема опасност од бегство на Рашковски

од Nikola Popovski
243 прегледи

Статусот на сите лица лишени од слобода се прави на релација суд и казнено-поправните установи. Директорите на затворите исто така оценуваат и даваат мислења за тие лица, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, коментирајќи ги случаите со Зоран Милески-Кичеец и екс-генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски.

Според него, над 30 лица имаат ваков статус да се во полуотворено затворско одделение.

-За Рашковски тоа е по одобрение на судот, но најважно е што ниту се случило бегство, ниту имало опасност од такво нешто. Лицата што се во притвор имаат одредени права и обврски и тоа го одлучува судот. Притворот е мерка, не е казна. Подеднакво сме загрижени да се спроведе правдата, одговори Маричиќ на новинарско прашање.

Слични содржини