211
Ние сме НАТО членка којашто го почитува територијалниот интегритет на Украина и дава поддршка. Ќе следиме и ќе се координираме со НАТО како челнка, но ги следиме и чекорите кои ЕУ ќе ги превземе за овој конфликт, вели во „Само интервју“, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со воениот конфликт на Русија и Украина.
-Ние не сме неутрални и сме земја членка на НАТО и избор на секоја земја челнка е како ќе се определи за својата надоврешна политика.Ние сме одлучиле пред 30 години дека ќе бидеме дел од НАТО и ЕУ членка тоа подразбира дека треба да стоиме заедно со партнерите кога е тешко и убаво, кажа Маричиќ.