Нема се уште календар за тоа, но јас би очекувал во текот на наредната година да го завршиме, бидејќи имаме еден логичен рок, а тоа е ноември 2022 година кога завршува процесот на скрининг и веднаш потоа треба да продолжиме со следните фази од преговорите, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ околу тоа кога ќе започне процесот за уставни измени во Собранието и внесување на бугарското малцинство во преамбулата.
Според него, прашање на организација и менаџмент е како ќе се успее до септември 2023 година да се заврши овој процес.
-Има простор за тоа и штом ќе има конкретни чекори ќе ја известиме јавноста. Во моментов нема конкретен план за да се започне процесот, изјави Маричиќ на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир во Владата.