Маричиќ од Стразбур: Сега мора да се има национален консензус и ќе дефинираме механизам за да се вклучат сите пратеници во процесот

од Nikola Popovski
113 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше во Стразбур каде се одржува состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, прв откако ги отворивме преговорите со Европската Унија.

-Во обраќањето нагласив дека Парламентот ќе биде клучен партнер во пристапувањето во Европската Унија од кого ќе зависи динамиката на текот на преговорите, особено од улогата и активноста на неговите тела – Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, информира Маричиќ.

Тој додал дека 17 години Северна Македонија го чекаше почетокот на преговорите со Унијата.

-Сега мора да се има национален консензус и ќе дефинираме механизам за да се вклучат сите пратеници во процесот. Овој историски момент за исполнување на стратешката цел-Северна Македонија да биде членка на ЕУ треба да го искористиме, порачал Маричиќ.

Слични содржини