Маричиќ: Односите со Бугарија се смирени, провокациите се сведени на минимум

од Берта Китинска
212 прегледи

Секоја посета од таков вид на EУ претставник за нас е добра вест.За разлика од делумно негативниот одек во јавноста треба да сме задоволни од посетата.Целта барем на нас како што ни беше пренесено и верувам дека е така дека ЕУ сака да покаже внимание кон Западен Балкан, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Уртински Брифинг во врска со посетата на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

-Никој не очекува дека треба некој нешто да ни вети, но очекуваме кога ќе се завршат сите обврски околу реформите веднаш да се отворат преговорите со Бугарија значи на нас не ни треба никакви ветување, затоа што сме имале многу ,а не се оствариле не мислам дека и јавноста треба да се возмерува во таа насока, кажа Маричиќ.

Тој напомена дека односите со Бугарија се смирени.

Односите со Бугарија се смирени , провокациите се сведени на минимум.Генерлано не постои негатива комуникација помеѓу девете влади, вели Маричиќ.

Слични содржини