Маричиќ: Одобрени се средства за нови вработувања во Обвинителството и судовите

од Берта Китинска
137 прегледи

Зајакнувањето и прочистувањето на судството се високо на агендата, тврди министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој кажа дека негова должност е да ги креира јавните политики и дека не станува збор за политички притисок, бидејќи кој ќе биде разрешен е работа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

-Ние треба да ги дадеме критериуми според кои тој процес ќе тече, но мора да имаме и ефиканост во постапувањето, истакна Маричиќ.

Министерот додаде дека минатата година првпат преговарале со Судско-буџетскиот совет со претставници од Министерството за финансии и добиени се средства за опремување и нови работни места во обвинителството и судот.

-Одобрените вработувања се за стручни служби. Има кусок и кај судиите и обвинителите, Има цели градови каде со години нема обвинител, како Крива Паланка каде 12 години нема обвинител. Очекуваме ова да се надмине и идниот септември 60 посетители во Академијата за судии и обвинители треба да завршат, кажа Маричиќ.

Слични содржини