Маричиќ: Опозицијата е вклучена, но избира да работи деструктивно

од Nikola Popovski
155 прегледи

-Со самото тоа што има Декларција во Собранието, со тоа што Ковачевски јавно го повика Мицкоски, тие разговарале телефонски, а наскоро ќе има и средба, ние сакаме конструктивна опозиција. Опозицијата ќе биде информирана за текот на преговорите, но и да се чуе нивниот став. Ако се изнесе да се намали бројот на пратеници тоа е дефокусирање од главните теми, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, ова е прашање кое нема да исчезне, и затоа мораме заеднички да ги решаваме во најбрз можен рок.

-Опозицијата беше деструктивна за време на Преспанскиот договор. Дека ќе се вклучат ќе се вклучат, но дали ќе бидат конструктивни ќе видиме. Време е некои работи заеднички да ги затвориме за доброто на иднината на народот. Да не оставаме простор во иднина да се развлекува ова прашање. Важно е да имаат искрен однос, да имаат свои реални позиции. Ние ќе се грижи целосно за заштита на нашите интереси, коментираше Маричиќ.

Слични содржини