Маричиќ: Опозицијата нешто измешала, пописот не се избори

од Берта Китинска
242 прегледи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на Телма во врска со бојкотот на  ВМРО ДПМНЕ во однос на законското решение за попис изјави дека тоа не е никаков таен бојкот и дека тие бојкотираат со години за многу работи.

-Бојкотираа референдум, ги блокираат законите во Собрание, ги бојкотираат изборите во Штип и сега ова е најнов бојкот нели, како феникс, генијална идеја за бојкот на пописот. Мислам дека тоа освен политичка мобилизација на членството на партијата со крајна цел повторно разгорување на национализмот друга помисла нема, друго разумно објаснување нема. Зошто партија би бојкотирала попис? Помешале нешто помеѓу избори и попис. Притоа имавме процес на преговори, ние имавме повеќемесечен процес на преговори за да донесеме закон којшто ќе значи политиката надвор од пописот“, вели Маричиќ.

Маричиќ потврди дека наскоро ќе биде објавена методологијата за спроведување на пописот и дека ќе стане јасно оти целта на лваста е да обезбеди релевантни и точни податоци преку пописот.

„Јас верувам дека кога ќе излезе методологијата, а тоа ќе биде многу скоро, дека ќе ги растераме овие политички облаци, дека ќе стане јасно дека нашата цел е навистина да добиеме реална слика. Тоа е целта на пописот, да добиеме реална слика за колку граѓани живеат во државата, кои се нивните карактеристики по повеќе основи, карактеристиките на нивното домаќинство, за да можеме да градиме политики. Колку луѓе се излезени од државата и трајно исселени, во кои држави се исселени затоа што и тоа ќе ни придонесе да креираме одредени политики. Не гледам интерес освен разгорување на национализам да се повикуваат членовите на ВМРО – ДПМНЕ ….кој би бил интересот да не бидат попишани Македонците?“- праша Маричиќ.

Слични содржини