Маричиќ оптимист дека Кацарска ќе биде избрана за судија на Уставниот суд

од Vladimir Zorba
137 прегледи

„Со оглед на тоа дека предлогот судијката Добрила Кацарска да биде судија на Уставниот суд помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања, јас можам да кажам дека сум оптимист дека би требало да биде изгласана и во Собранието затоа што обично одлуката во Комисијата за избор и именувања е некој индикатор за тоа какво е расположението во Собранието“, рече Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека не треба да се заборави дека Кацарска е предлог на Судскиот совет од редот на судиите и тоа има една посебна тежина.

– Мислам дека тоа треба и Собранието да го процени, да го оцени и да го цени и верувам дека ќе биде така, рече Маричиќ.

Слични содржини