Маричиќ: Пакетот Албанија – Северна Македонија, би требало да опстане

од Берта Китинска
198 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Click Plus“ истакна дека смета постои висока свест во Европската Унија, и додава дека прашањето на отворање на преговорите за Северна Македонија е многу поголемо прашање од само отворање на преговори со една држава.

„Мислам дека постои висока свест во Европска Унија дека прашањето на отворање на преговорите за Северна Македонија е многу поголемо прашање од само отворање на преговори со една држава. Ние имаме пакет Северна Македонија – Албанија. Би требало да опстане меѓутоа времето ќе покаже. Ние сме во тој пакет веќе две години“, додаде Маричиќ.

Слични содржини