Маричиќ: Подготвени да ги продолжиме разговори со Бугарија грижејќи се за нашите национални интереси

од Берта Китинска
170 прегледи

Во однос на процесот ќе кажам неколку работи. Мислам дека по прв пат во однос на преговорите со Бугарија, по прв пат воспоставивме систем на рациоанлни разговори, кои се водат на повеќе теми, кои ги даваат некој диверзификација на темите ан кои разговараме. Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред се поврзани со историјата и тој пристап нова енергија даваат резултати, без разлика на сите пречки, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Јас лично мислам дека траекторијата на движење што ја воспоставивме со новиот пристап со Владата на БГ е таа единствено што може да не доведе до некаков успех. Сите пречки што се јавуваат на патот јас ги гледам како напори на радикалните нациоаналисти од двете страни на границата да не успееме во нашите напори. Битно е дали ќе успееме ние како рационална прогресивна, проевропска влада или ќе дозволиме да преовлада радикалниот национализам, смета Маричиќ.

Тој посочи дека нашата земја е подготвена да ги продолжи разговорите кои се секако грижејќи се за нашите национални интереси.

-Во однос на подготвеноста можам да кажам дека РСМ е една од државите кандидатки со најдолг стаж, 17 години го имаме статусот на кандидат а 2001 сме прва држава која што некое кратко пред Хрватска го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација. Кратко време односно заедно со Хрватска стекнавме и кандидатски статус.Последните 5 години се периоди на интензивен напредок во делот на европските интеграции и тоа треба да се верификува.Имаме некое ниво на 45% подготвеност или усогласеност со системот на ЕУ, тоа воопшто е е малку и тоа ветува дека кога ќе ги почнеме преговорите тие нема да траат предолго и премногу во однос на исполнувањето на условите и усогласување на нашиот систем, кажа Маричиќ.

Слични содржини