Маричиќ: Попишувачите од одредени реони помагаат на други места каде што процесот не е завршен

од Nikola Popovski
263 прегледи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ верува дека попишувањето ќе заврши до крајот на планираниот рок.

-ДЗС прави напори до утре да го заврши процесот на попис. Нашата цел е сите да се попишат и никој да не остане. Одредени реони се целосно попишани, па попишувачите од таму одат да помогнат во реоните каде што има потреба. За се друго, ќе ја информираме јавноста навремено, рече министерот.

Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Слични содржини