Маричиќ: Потребна целосна дигитализација на случаите, доставата и интероперабилноста меѓу судовите

од Берта Китинска
269 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествувајќи на регионалната конференција „Онлајн судење за време на пандемија: Законодавство, пречки и предизвици“, истакна дека светската пандемија на Ковид-19 дополнително ја зголемила потребата од дигитализација на судството.

Маричиќ во својот говор се осврна на тоа како воведувањето информатичка технологија на сите нивоа ќе влијае врз текот на судските процеси, но и на самата поврзаност меѓу судовите.

Ние сме свесни дека е многу важно следниот период да биде воведена информатичка поврзаност на хоризонтално и вертикално ниво. Исто така, увидовме дека е потребна целосна дигитализација на случаите, доставата и интероперабилноста меѓу судовите, со цел се зголеми ефикасноста на истите, односно од една страна да се забрзаат судските процеси, а од друга да се намали потребната од физичко присуство, потенцираше Маричиќ.

Според министерот државите и без пандемијата изминатите години преземаа чекори кон дигитализација на судството, а пандемијата беше своевиден катализатор, односно ги забрза овие процеси. Тој се осврна и на првото онлајн судење кое се направи во судот во Кавадарци.

-Среќен сум што денес тука со нас е и судијата Лазар Нанев од Кавадарци, бидејќи токму во Основниот суд во Кавадарци се одржа првото онлајн судење, кое го сметаме како добар пример кој ќе биде дополнително охрабрување за користење современи дигитални технологии во судството, кажа Маричиќ.

Слични содржини