292
„Работната група во Министерството за правда предложи едначување на прагот за независните кандидати, во сите општини. Врз основа на разговорите на политичките партии се дојде до 2% и мислам дека е компромисен предлог, кој што треба да помине во Собранието“, изјави попладнево министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Според него, има многу партии во земјава кои што имаат право без никакви потписи да собираат и кандидираат свои листи.
„За независните кандидати, бројките од 2% не се недостижни во многу општини, но тоа ќе зависи од желбата на граѓаните да поддржат такви листи. Каде има навистина желба, бројките не се недостижни“, истакна министерот.