Маричиќ: Преговорите со ЕУ се отворени!

од Берта Китинска
137 прегледи

Со почетокот на скринигот навлегуваме подлабоко во процесот на реформи, кои вклучуваат имплементација на европски регулативи и придонесуваат за европеизација на општеството и европско функционирање на државата, напиша на својот Фејсбук профил, вицепремиерто Бојан Маричиќ.

-Преговорите ја прават и ја трансформираат државата на подобро. После 17 години чекање имаме историска шанса да обезбедиме европска иднина за граѓаните и Северна Македонија.Имаме основа за да одиме со добро темпо напред. Затоа е клучно, македонската администрација и целото општество, се фокусира на овој процес за побрза интеграција во Унијата. Најважно е сега максимално да се фокусирате на секое поглавје, секоја фаза почнувајќи од скринингот да ја искористиме и со максимална посветеност и оптимизам да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, вели Маричиќ.

Слични содржини