Маричиќ: Преку аудио снимки секој судија ќе биде контролиран од јавноста

од Берта Китинска
235 прегледи

Ќе има аудио снимки од судењата и секој судија ќе биде контролиран од јавноста, ова е дел од програмата на владата, најави Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за „360 степени“.

-И досега се објавуваат пресуди и тоа е добра пракса. Ова е елементот на транспарентност и верувам дека тоа ќе го олесни увидот на јавноста во конкретните случаи и во оправданоста на определени одлуки на судовите, но исто така тоа ќе ја демистифицира работата на судовите на некој начин и нема да стои она големо прашање дали некој ги контролира судиите како судат и како постапуваат. Мислам дека со објавување на овие аудио записи таа мистерија ќе се разреши и секој судија ќе биде практично контролиран од јавноста“, вели  Маричиќ.

Тој напомена дека еден од приоритетите во правосудниот систем ќе биде брзата разрешница на случаите покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство. Според  Маричиќ  досегашното нивно пролонгирање било сплет на повеќе околности.

Слични содржини