„Владата во ниту една деморкатска држава не суди и не пресудува. Мое мислење е дека поголем број судии и обвинители си ја знаат и си ја вршат работата, но сепак има некои кои не се дел од таа слика. Уште Прибе пред пет години ни укажа дека некои структури во судовите се во релација со други структури во општеството. Во нашиот систем Судскиот овет и Советот на обвинители разрешуваат свои колеги и тоа така и ќе остане. Имаше проблем до сега околу нејасни критериуми. Но, сега имаме методологија за оценување, која наскоро ќе се усвои, методологија за сложеност на предметите, за ефикасноста на судиите итн…“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Дополни дека ќе постои Етички кодекс, како и Правилник за оценување.
„Има повеќе релевантни елементи за оценување и нема веќе изговори за проверката на судиите. Дополнително, не може да се каже дека ништо не е направено до сега. И судството беше заробено, да не заборавиме кој беше потпретседател на Врховен суд, кој беше претседтел на Основниот суд во Скопје, неколкумина од тие луѓе не се дел од системот. Имаме осум разрешени судии и имаме 83 покренати постапки. Тоа е добар почеток, но треба уште, затоа го земаме овој замав. Нема чистка, туку издвојување на лошите од добрите кадри. Мораме да внесеме и нови кадри во правосудсниот систем кои размислуваат поинаку.“- изјави Маричиќ.