Маричиќ: Ред, дисциплина, правда се зборови од кои бега ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
397 прегледи

Време е судиите по законот да одлучуваат.Се бориме за независност и ефикасно судство.Имам предуслови за да ја подобриме оваа ситуација, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во 24 анализа.

Тој порача дека според него први на тапет треба да се случаите кои се од висок профил на корупција и организиран криминал.

По обвинувањата на Тони Менкиноски  од Комисјата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ дека изборната кампања ред правда и дисциплина е превземена од Бенито Мусолини и е позната од неговото време, Маричиќ рече дека овие пропаганди се прават за време на изборна кампања.

-Изборната кампања заврши имам нова влада, вакви фотографии имавме и во други дебати. Ред, правда и дисциплина се зборови од кои бега ВМРО.Трагикомични ви се протестите кои ги организирате и повикувате на ред, а единствениот поим за вас е ослободување на осудените за 27 април и само за вас не важи законот. Да кроиме политика во интерес на граѓаните. Опозицијата имала и ќе има подадена рака од власта, изјави Маричиќ.

Слични содржини