Маричиќ: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата

од Берта Китинска
162 прегледи
Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата, потенцираше министерот Маричиќ на Преспа форумот.
Овие проблеми се присутни во сите земји од нашиот регион и затоа фокусот треба да биде ставен на поблиска соработка. Тој во својот говор се осврна и на улогата на невладините организации и медиумите во борбата токму против овие девијантни појави.
„Улогата на медиумите е извонредно голема во кршењето на стереотипите и тие треба да бидат своевидна брана против говорот на омраза, хранењето на стереотипите и ширењето на лажните вести. Слободата на медиумите за тие да можат соодветно да ја завршат својата важна општествена улога е регионално прашање “, истакна Маричиќ на првиот панел на Форумот насловен „Граѓанското општество и медиумите во регионот и евроинтеграцискиот процес“.

Слични содржини