Министерот за правда, Бојан Маричиќ на прашње на ТВ21 во однос на одлуката за обвинителката Ленче Ристоска да не биде избрана за виш обвинител вели дека не е коректно тој да навлегува во постапката на изборот ниту пак да коментира конкретно кој бил избран.
Сепак, Маричиќ вели дека ќе има други конкурси и огласи, па Ристоска ќе може да конкурира.
„Мислам дека не е спорно дека таа е квалитетен обвинител, тоа го покажала на дело. Впрочем, владата во договор со обвинителството ја предложи за претставник во „Евроџаст“, тоа е европската мрежа за судско обвинителстка соработка во Хаг, каде што таа ја претставува државата. Мислам дека со самото тоа веќе сме го кажале мислењето“, вели Маричиќ.
Маричиќ смета дека Советот на обвинители имаат начин и критериуми по кој што ценат кој обвинители треба да бидат избрани, а Владата во тој дел нема право и не треба да коментира.