Маричиќ: Се надеваме на лидерството за Макрон за започнување преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

Северна Македонија очекува Бугарија да го деблокира патот на земјата кон Европската Унија, за конечно да почнат преговорите на Скопје со ЕУ, вели вицепремиерот на С. Македонија, Бојан Маричиќ за „Танјуг“.

„Од формирањето на новата влада во јануари, работиме на што поскоро отпочнување на преговорите со ЕУ. „Имаме интензивен дијалог со Бугарија, имаме план за реформи што го спроведуваме и иако не сме врзани за датуми, очекуваме тоа да се случи што е можно поскоро и да го искористиме лидерството на Емануел Макрон и Франција за време на нивното претседателствување и да започнеме преговори“, рече Маричиќ од Истра, каде што учествуваше на собирот „Стратешки економски разговори“.

„Ние сме реални, рационални оптимисти. Нашите реформски планови се долгорочни, а одлуката е на ЕУ да ги започне преговорите“, додаде Маричиќ.

Слични содржини