Според министерот за правда, Бојан Маричиќ, Судскиот совет работи непристрасно и во земјата нема политички мотивирани разрешувања на судии.
„Не се сложувам дека разрешувањето на судијките Софија Лаличиќ и Лидија Неделкова се базираат на несуштински причини. Ние веќе немаме разрешувања како што имаше порано каде се користеа истите фрази за сите разрешувања без конкретни примери. Сега, и за вчерашното разрешување и за сите претхондо беа наведени конкретни чекори. Тоа што вам ви се чини несуштинско не мора да значи дека е несуштинско за членовите на Судскиот совет или за судството и неговата репутација. За да гласаат 11 или 12 членови на Судскиот совет треба да имаат добро образложение и причини, и верувам дека тие добро образложени причини ги имаат. Всушност, постои постапка во која разрешените судии имаат право на жалба и ќе видиме дали тоа ќе се потврди или не“, вели Маричиќ.
Според него, ниту една одлука не се носи врз база на непостоечки докази,
„Монтирани случаи, политички разрешувања, не постојат во моментот. Она што постои е одлучување за секој случај поединечно. Секој судија добил шанса во оваа држава, особено во последните четири години“, рече Маричиќ.