Маричиќ: Шпанија нѐ поддржува во почнувањето преговори со ЕУ

од Nikola Popovski
159 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ обелодени дека на средбата со државниот секретар за Европска Унија при Министерството за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, г. Паскуал Наваро била потврдена шпанската поддршка за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ.

-Интеграцијата на земјите од Западен Балкан е врвен приоритет за Унијата и не смее да се пропушти шансата за отпочнување преговори со Северна Македонија и Албанија. Регионот треба да напредува, а не да назадува. Дополнително, неизвесноста со која се соочува целиот континент како последица на војната во Украина е сериозен сигнал дека Унијата треба територијално да се консолидира и да ја зајакне безбедноста, наведе Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека децениското пријателство и одличните билатерални односи помеѓу нашите земји се одлична основа за понатамошно негување на соработката, како и продлабочување во одредени области од заемен интерес особено на економската соработка, туризмот, културата и образованието, во духот на европските вредности.

Слични содржини