Маричиќ: Следната година ќе се направи најавената филтрација на судството

од Nikola Popovski
146 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ по состанокот на Советот за реформи во правосудството изјави дека следната година ќе се направи најавената филтрација на судството. Според министерот преку овој процес ќе се врати изгубената доверба на граѓаните во правната држава.

 

-После цела една година се состана ова тело и се донесоа важни одлуки. Пред сè, се усвоија интерните планови на Судскиот совет за проверката на работата на судовите, претседателите на судовите и судиите, а исто и методологијата за оценување на судиите и претседателите на судовите. Тоа е главна алатка за најавеното филтрирање и проверка на работата на судиите и судовите, изјави Маричиќ.

 

На седницата беше разгледан и поддржан правилникот за оценка на работата на јавните обвинители, кој се носи како резултат на веќе донесениот Закон за Јавно обвинителство.

-Мислам дека се создадени сите услови и во судството и во обвинителството да имаме една квалитетна проверка и едно професионално проверување на работата и на судството и на обвинителството, изјави Маричиќ.