Маричиќ: Со ВМРО-ДПМНЕ сме блиску до црната листа на САД

од Nikola Popovski
171 прегледи

Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ истакна дека признанијата на функционери на партијата и правосилни судски пресуди докажуваат за обемот на криминал во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во репликата, Маричиќ се осврна и на тоа што Никола Груевски се најде на „црната листа“ на САД.

„Ако сме со СДСМ, според вас, далеку од ЕУ, со ВМРО-ДПМНЕ сме блиску до црната листа. Замислете за што, за масовна злоупотреба на своите овластувања и за корупција од огромен обем со сите негови компании во Унгарија и со сиот негов достапен имот насекаде.

Тоа е вашето наследство и за тоа многу пати ви било кажано, многу пати сте изгубиле на избори и допрва ќе ги губите изборите токму на оваа тема. Немојте да ни кажувате за барокната Влада, објаснете ни за белиот дворец којшто е најскапо седиште на некоја партија во Европа, од каде ви е и како го стекнавте,“ заклучи Маричиќ.

Слични содржини