Маричиќ: Статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес

од Берта Китинска
128 прегледи

Во тек е објаснувачкиот скрининг состанок за поглавјето Статистика, на кој македонскиот тим ги следи презентациите за статистичкото законодавство и стандардите на ЕУ во оваа област, информира преку својот Фејсбук профил вицепремиерот, Бојан Маричиќ.

-Статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса.Северна Македонија има постигнато одредено ниво на усогласеност, што е потврдено и во Извештаите.Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат. После пилот Пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година, вели Маричиќ.

Слични содржини