Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, пишува на својот Фејсбук профил, министерот за правда Бојан Маричиќ.
-Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност. Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.Апелирам до Судскиот совет да испита по која основа судиите ја донеле оваа одлука, напиша Маричиќ.
Денеска беше соопштено дека поранешниот директор на Управа за државна безбедност и контраразузнавање, излегува од притвор.Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11 106 501 евро гаранција.
Судиите од Апелацискиот суд му определиле мерки на претпазливост, односно на Мијалков му се одземени пасошот и му е забрането добивање на нови патни исправи, а добил и обврска да се јавува во судот еднаш неделно.
Мијалков неправосилно е осуден 12 години затвор во случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување и на 8 години затвор за случајот „Трезор. Во тек се и судски процеси за „Титаник 2“ и за „Тортура“, кој е пред донесување пресуда. Обвинителството на 12 мај годинава, поднесе обвинение и за случајот „Плацеви на Водно“, каде и Мијалков е меѓу осомничените.