Маричиќ: Тензиите со Бугарија би требало „природно да се намалат“ по нивните избори

од Берта Китинска
147 прегледи

Македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ, смета дека тензиите меѓу Македонија и Бугарија, која стави вето на преговарачката рамка со Европската унија (ЕУ), би требало „природно да се намалат” по изборите на 4 април во Бугарија.

Со интензивен дијалог по бугарските избори, Маричиќ во интервјуто нагласува, дека може да постигнеме договор ако имаме вистинска подготвеност и волја за тоа … и ако бараме решение што ќе се заснова на меѓусебно почитување, на рационалност, на европски вредности и на модерните концепти од 21 век.

На прашањето дали е добра стратегија да се чека исходот од гласањето, со оглед на тоа што се чини дека во Бугарија има меѓупартиски консензус за ветото против Скопје, Маричиќ рече дека Македонија треба да види кој е нејзиниот партнер во преговорите.

 

Слични содржини