Во врска со несреќата во тетовската модуларна болница, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за телевизија Сител, дека Владата многу сериозно ја сфатила работата и уште од првиот ден се работи константно на случајот.
– Истиот ден, како Влада, побаравме помош од најреномираниот германски институт за криминална полиција во Визбаден, кој има 60-годишно реноме, 7.000 вработени, годишен буџет од 800 милиони евра. Се обративме на најдобрите да ни помогнат во една ситуација, која е несекојдневна. Не се случува секој ден да има експлозија во болница и да има толку жртви. Ние длабоко жалиме како Влада и сакаме да се расчисти секоја околност до крај и јасно да се утврди одговорноста, нагласи министерот, додавајќи дека не е добро од ваква несреќа да се извлекува политички поени, кажа Маричиќ.