Откако владиката Петар денеска за телевизија Алфа изјави дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност, вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ соопшти дека на пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност.
„Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот“, напиша Маричиќ на Твитер.
На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот.#Попис2021 pic.twitter.com/cBYZT8ODiT
— Bojan Maricik (@Bojan_Maricikj) January 5, 2021
Владиката Петар претходно соопшти дека МПЦ се сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации.
„Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот“, додаде владиката Петар.