Маричиќ за францускиот предлог: Ние имаме двоен интерес во целата работа

од Берта Китинска
194 прегледи

Денеска немаме добиено нов француски договор или нацрт предлог туку бугарското Собрание изгласа Декларација каде ги изнесе своите ставови. Врз оснава на нашите предлози и буграските, француското претседателство треба да предложи нов поинаков предлог за кој ние ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите барања се внесени за да можеме да разговараме во кој рок тоа може да се прифати, кажа заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ Тема“.

Тој посочи дека денешната реакција на Макрон била во контекст врз осноа на тоа што бугарското Собрание и покрај политичката криза денеска изгласало Декларација.Маричиќ кажа дека до владата бил доставен драфт документ од предлогот за кој веднаш биле испратени забелешки од нашата страна до ЕУ претставниците.

-Нашата цел е да не правиме непријатели туку да ги одржуваме пријателите и да комуницирам, но тоа не значи дека ќе се согласиме со се, кажа заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања.

-Ние имаме двоен интерес во целата работа. Имаме интерес да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, цел која ни е зацртана од 1992-та година и е наша стратешка цел, изјави Маричиќ.

Јас не можам да го толкувам премиерот Ковачевски изјави Маричиќ на прашањето да ја коментира изјава на премиерот дека има одредени експерти во државата кои создаваат хистерија заради некои трети земји.

-Факт е дека постоеа луѓе, поранешни политичари, луѓе кои се заинтересирани за овој процес, кои или погрешно ги информираа или намерно креваа тензија, дел од политичките партии или медиумите, кажа Маричиќ.

Слични содржини