Маричиќ за „Јавна соба“: Слободата е важна и треба да се заштити

од Берта Китинска
253 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ  во емисијата на Телма ја искоментира ситуацијата со објавувањето на на фотографии од жени во групата „Јавна соба“.

-Објектот на заштита тука е приватноста како јавниот морал, здравје особено ако станува збор за малолетници , слободата е важна работа не би се согласил во никој случај дека ова е некој севернокорејски потег денеска.Затоа што се работеше за сериозна скандалозна група во која се направени и кривични дела и беа уапсени неколку лица, ние мораме да ги заштитиме жртвите на таквите групи во оваа ера каде има лажни профили во ера каде имаме малолетници во групи. Слободата е важна и треба да се заштити како и здравјето и моралот особено на малолетниците. Ние ваквите закони кои се поврзани со кршење на човековите права ги испраќаме до ЕУ, кој е најрелевантен во оваа област и промените ги внесуваме во истиот.Секогаш е дилемата дали е претерано да реагира, но ова група продолжува мора да се реагира мислам дека и за обвинителството треба да постапи соогласност кривичниот законик, вели Маричиќ.

Слични содржини