Маричиќ: За прв пат се изработи Функционакана анализа за Министерството за правда

од Берта Китинска
172 прегледи

Денес во просториите на Министерството за правда се одржа хибриден настан на кој беше презентирана првата функционална анализа на Министерството, која заедно со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе се заокружи процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

-Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни реформски чекори кои ќе ги правиме, во насока на модернизација на Министерството за правда, но и во правосудството воопшто” – рече Маричиќ.

Според министерот ова е документ кој дава еден целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството и се во насока кон целта за која се работи, односно креирање ефикасна и транспарентна институција во служба на граѓаните

Функционалната анализа на Министерството за правда е поддржана од Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија, а спроведена од Центарот за правни истражувања и анализи.

Слични содржини