Маричиќ за решението во Бардовци: За добра одлука нема лошо време

од Берта Китинска
263 прегледи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во врска со владина одлука да се стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и да се гради на друга локација вели дека “за добра одлука нема лошо време“.

-Овој проблем беше долго време отворен на него работеа неколку министри. Протестот и процесот траеа долго.Добивме 1800 потписи о жителите на населбата  што не е за занемарување за толкава населба и владата одлучи да ја стопира градбата и да бара нова локација. Предолго тлееше проблемот ако ја донесовме одлуката по  две недели по изборите ќе се велеше дека е задоцнета, ако ја донесовме пред две недели ќе беше прерано,  така да за добра одлука нема лошо време, кажа Маричиќ во Утрински Брифинг.

Владата соопшти дека на седница донела одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.Ова, како што беше објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.

Слични содржини