Маричиќ за затворите: Тие се слика на државата, ќе ги реконструираме крилата каде што нема услови

од Nikola Popovski

Пред законите сите се еднакви. И притворените и затворени имаат одредени поволности, кои се во корелација со казнено-поправните установи и судот, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ во изјава за медиумите.

Тој потенцира дека секаде каде што има слабости, работат да ги остранат.

Во однос на слабите услови во затворите, Маричиќ вели дека тоа е вечна борба.

-Државата ги користи механизмите. Нашата цел е сите затвори да бидат со ист квалитет. Затворите кои се слика на државаат, да даваат уште поубава слика. Ќе ги затвориме крилата, каде што не се исполнети условите и ќе ги реконструираме, информира Маричиќ.

Слични содржини