55
Целосна невистина е пропагандата на Левица дека наводно јас “сум продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за фотоволтаици”, сподели екс вицепремиерот Бојан Маричиќ.
„Јас, ниту како министер за правда, ниту како вицепремиер за европски интеграции никогаш не сум имал надлежности за оттуѓување државно земјиште. Се злоупотребува тоа што јас сум претседавал со одредена седница на Влада, по налог на премиерот, на која седница оваа точка била на дневен ред. Одлуките од овој карактер задолжително се носат со мнозинство гласови, како колективни одлуки на владата, но исклучиво после добиено позитивно мислење од сита надлежни институции“, истакнува тој.