Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ изјави дека нас ни е најважно што пишува во заклучоците на Европскиот совет, а тоа значи дека штом се направат уставните измени, без понатамошно одложување и без нова политичка одлука, ќе имаме Втора меѓувладина конференција, на која ќе се отвори првиот кластер за продолжување на преговорите со ЕУ.
-Изјави имало и ќе има. Во поширока смисла, Договорот за добрососедство и Преспанскиот договор се ставени во преговарачката рамка како дел од добрососедските односи. Ние не сме кажале дека договорите со соседите нема да се почитуваат. Протоколите се спроведуваат. Единствен услов за отворање на кластерите се уставните измени. Секоја друга изјава е како политички став, рече денеска Маричиќ.
Ова следува откако пред неколку дена, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел изјави дека Бугарија нема билатерален проблем со Северна Македонија во однос на интеграцијата во ЕУ и оти услов за продолжување на европскиот пат на Скопје не се само уставните измени туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола.