Маричиќ-Ескобар: Да ја задржиме амбицијата за членство во ЕУ, потребен е политички консензус и продолжување со спроведување на бараните реформи

од Nikola Popovski
203 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на средбата во Вашингтон со Габриел Ескобар, американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, разговараа за уставните измени, за евроинтеграциите и поддршката на Соединетите Американски Држави на тој план, како и за процесот на реформирање на македонското општество.

Маричиќ ја искористи средбата за да го информира Ескобар за текот на преговорите со ЕУ, за активностите со кои во моментов ги дефинирање на областите во кои можеме да се вклучиме пред членство во ЕУ, посочувајќи дека Владата ќе продолжи со офанзивна политика кога станува збор за интегрирањето на државата во ЕУ, за задржување на динамиката на преговорите и брз напредок во процесот.

Пораката специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар е да ја задржиме амбицијата за членство во ЕУ, со укажување дека за успех е потребен политички консензус и продолжување со спроведување на бараните реформи во наредните месеци.

На средбата беше потврдено дека ова е добар момент за цел Западен Балкан, особено за Северна Македонија која ги исполнува условите и веќе преговара со ЕУ, да потврди дека е сериозна кандидатка за членство во Унијата и да направи брз исчекор, со кој ќе ја потврди својата позицијата во новиот пакет на проширување на ЕУ.

Маричиќ и Ескобар се согласија дека можеме да успееме и дека имаме целосна поддршка од САД во тоа. Во тој контекст вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на Ескобар за децениската поддршка која САД ја дава на Северна Македонија и што останува наша силна политичка и економска помош во реализацијата на нашата стратешка определба.

Со оваа средба вицепремиерот Маричиќ ја завршува официјалната посета на Вашингтон, во чии рамки имаше можност да се сретне со високи претставници на Стејт Департментот и да разговара за процесот на обединување на ЕУ со Западен Балкан и унапредувањето на билатералните односи на сите нивоа.

Слични содржини