Маричиќ го менува Груби како прв вицепремиер

од Nikola Popovski
465 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во техничката влада на местото на Артан Груби. Оваа рокада на првото вицепремиерско место е дека првиот заменик на претседателот на Владата треба да биде од спротивната партија во владината коалиција и претставува дел од политичкиот договор меѓу двете владеачки партии СДСМ и ДУИ.

Маричиќ ќе остане вицепремиер за европски прашања, а Груби ќе остане на чело на Министерството за политички прашања.

Денеска премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери поднесуваат оставки. В сабота народните избраници ќе го бираат новиот претседател на законодавниот дом. Најдоцна до недела на полноќ треба да биде изгласана техничката влада.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги соопшти имињата на кандидатите за министри и заменици во техничката влада. Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни, Ѓоко Велковски за труд и социјала, дополнителен-заменик министер во финансии Елена Петрова, за информатичко општество Стефан Андоновски, за земјоделство Цветан Трипуновски.

Партијата остана на ставот дека ќе учествува во техничката влада, но, нема да гласа за неа.

Слични содржини