Маричиќ: Имаме јасен сигнал дека можеме да влеземе во ЕУ до 2030 година

од Stefanija Kuzmanovska
458 прегледи

Ние имаме сигнал од ЕУ дека можеме да влеземе во Унијата до 2030 година и тоа е доволен сигнал ние и понатаму да притискаме на две линии- Европската Унија да се реформира паралелно со преговарачкиот процес што го имаме за членство во ЕУ. 2030 година е достижен датум тие два процеса да завршат во исто време и да биде подготвена и ЕУ за нови членки, а и ние да бидеме подготвени за да бидеме членка на Европската Унија. Тоа е достижна цел, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за ВИС.

Граѓаните смета тој, сакаат во 2030 година ги видат своите лидери и своите претставници на бината на ЕУ каде што ќе се примаат нови членки на ЕУ.

„Трката кон Европската унија зависи од нас. И на Хрватска ѝ велеа дека ништо не ѝ даваат и дека мора да го чека целиот регион, но тие упорно се бореа и успеаа да издејствуваат да влезат во ЕУ во 2013 година“, вели Маричиќ.

Слични содржини