Маричиќ: Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Имиџот на Судскиот совет е слика за целото правосудство и добро е што доаѓа европската мисија која врши мониторинг врз работата на оваа институција, оценува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

За емисијата Трилинг вицепремиерот оцени дека оценската мисија е еден добар чекор и Владата ќе го прифати.

-Она што сакам д го кажам за оценската мисија мислам дека е тоа добар сигнал и дека ние треба да го искористиме како можност. Владата тоа мора да го прифати и мислам дека за тоа никој нема дилема и тоа е пред се порака до Судскиот совет и до тоа што се случуваше во изминатиот период, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакнува дека ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ, извештаите на ЕУ, секогаш ни биле инструмент за подобрување.

– Кучна улога во разрешување на политичката криза во Северна Македонија беше Извештајот на Прибе од 2015 година којшто ги исцрта линиите по коишто треба да се движи државата. Дел од тоа е исполнето, дел не е, вели Маричиќ.

Слични содржини