Маричиќ: Инвестирањето во политичко, економско и културно зајакнување на Ромите е дел од сржта на европската кауза за еднаквост

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Политичката и општествена кауза за постојана и засилена интеграција на Ромите ја има мојата целосна и искрена поддршка. Инвестирањето во политичко, економско и културно зајакнување на Ромите е дел од сржта на европската кауза за еднаквост, правда и правичност на сите граѓани, сподели на својот ФБ профил вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Синоќа стартуваше дејствувањето на Фондацијата „Ромите за демократија“ основана од нашите долгогодишни пријатели и соработници кои имаат јасна идеја за потребата од ромско-македонско заедништво кое ќе донесе добро за сите граѓани на Северна Македонија, истакна Маричиќ.

„Додека одекнуваше ромската химна, синоќа уште еднаш се уверивме во моќта на културната дипломатија и во скапоценоста на ромската традиција, историја и аспирација за подобар живот“, додаде тој.

Слични содржини