Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека треба да очекуваме да има охрабрувачки пораки во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ, но не можеме да очекуваме да се случи нешто спротивно од тоа што е напишано во преговарачката рамка со ЕУ.
-Нашата блокада во моментот има име и презиме – ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници кои свесно решија да ја блокираат својата држава. Скринингот ќе заврши во првата недела од декември, ние ги подготвуваме патоказите кои ни се обврска од првиот Кластер и тука ќе застанеме доколку не се завршат уставните измени. Сепак ние не се откажуваме до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав, да разговараме и да ги убедуваме колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат сопствената држава и да не влезат во еден вртлог во кој што веќе еднаш не имаат внесено во 2008 година, кажа вицепремиерот во изјава за медиумите.