Маричиќ-Ларсон Јаин: Шведска сака да помогне и да го забрза влезот на Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
285 прегледи

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес одржа средба со амбасадорката на Кралството Шведска Ами Ларсон Јаин.

На средбата, Маричиќ и Ларсон Јаин зборуваа за продолжување на соработката со дефинирани стратешки чекори во реализација на проектите, поддршката со цел исполнување на сите потребни услови за понатамошно непречено продолжување на преговарачките процеси.

Јасната определба на Шведска и Северна Македонија кои делат заеднички вредности и цели за забрзување и помагање на државата за влез во ЕУ се приоритет и цел на која се работи фокусирано и непречено.

Благодарен сум на плодната соработка која ја имаме со шведската амбасадорка Ларсон Јаин и поддршката од Кралството Шведска, следните чекори се во полза на остварување на европската иднина за државата и нашите граѓани и тоа ни е приоритет за кој неприкосновено се залагаме се до исполнување на целта. – рече Маричиќ.

Слични содржини