Маричиќ на средба со Двожак и Бурк на маргините на Преспа форум дијалог

од Nikola Popovski
177 прегледи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на маргините на Преспа форум ќе оствари билатерални средби со министерот за европски прашања на Република Чешка, Мартин Двожак и ирскиот министер за Европа, Питер Бурк.

Вицепремиерот Маричиќ на Преспа форум дијалог 2023 ќе учествува и ќе има воведно излагање на сесијата со наслов: „Проширувањето на ЕУ во трансформираната геополитичка динамика”, на која соговорници ќе му бидат Питер Бурк, Тања Мишчевиќ, Мартин Дворак, Мајлинда Дука, Хелене Холм-Петерсен, Анжеј Франгеш, Симонида Кацарска и Деа Елмаслари, под модераторство на Програмската директорка на Центарот за европска политика (CEP), Милена Лазаревиќ.

Денеска исто така во Паркот на поезијата, Маричиќ заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шефот на делегацијата на Европската унија, Рамиз Мерко, градоначалник на Струга и Слободан Трендафилов, вршител на должност директор на Сојузот на Синдикати ќе учествува на церемонијата на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Јуроп Хаус во Струга.

Оваа година се одржува третото издание на Преспа форум дијалог со насловот: „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини