„Јас имам впечаток дека на ВМРО-ДПМНЕ не им пречат оние прекршители на законот што доаѓаат од нивната влада. Имам впечаток дека им сметаат само потенцијални прекршители на законот од другите партии“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
Тој додаде дека битката за ослободување на државата од коруптивниот начин на владеење е битка на целото општество, на целата држава и на сите политички партии.
„Ние се бориме да изградиме систем во којшто, кој и да е од која партија, ќе одговара доколку го прекрши законот безразлика како се вика и од која партија доаѓа“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека во изминатите седум години од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не изразија жалење, ако не и извинување, за сторените дела за време на 11-те години владеење.