Маричиќ: Не е недостижно преговорите за членство да се завршат за пет години

од Nikola Popovski
172 прегледи

Зачленување на земјава во Европската Унија до 2030 е реална цел за постигнување, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Аудиториум“:

-Зависи и ние како држава како ќе се поставиме, односно дали ќе ги направиме тешките одлуки и реформите и колку ЕУ може да испорача. Целта да завршиме со преговорите за 4-5 години е достижна, рече Маричиќ.

Тој како пример посочи дека дел од земјите од Централна и Источна Европа преговарале во просек околу пет години. Во однос на Хрватска, тој спомена дека преговорите траеле шест години, но една година од овој период процесот бил замрзнат поради спорот со Словенија.

-Го почнавме скринингот процесот минатата година во септември и сега се комплетира третиот кластер, односно веќе три кластера се комплетираа кои опфаќаат комплицирани нешта, истакна Маричиќ и додаде:

-Сега следува да направиме патокази, односно да знаеме до членството што ќе треба да правиме во овие области. Очекуваме во јули Европската Комисија да го презентира Извештајот за првиот кластер и потоа врз основа на тој Извештај да ги комплетираме патоказите и до есен да ги понудиме до ЕК, па по изгласувањето на уставните измени да се отвори првиот кластер.

Во гостувањето тој се осврна и на владеењето на правото и на борбата против корупцијата, а како алатка во оваа борба тој ја спомена дигитализацијата, односно намалувањето на човечкиот фактор. Тој додаде дека во сите реформи кои претстојат за време на процесот на преговори земјава ќе има финансиска помош од страна на Брисел.

Слични содржини