Маричиќ: Не постојат земји кои имаат забелешки на нашите преговори, ВМРО-ДПМНЕ ги доведува граѓаните во заблуда

од Nikola Popovski
225 прегледи

До крајот на 2030 ЕУ ќе има нови членки. Целта ни е да сме и ние меѓу идните членки на ЕУ. Доколку не ги завршиме уставните измени, Албанија ќе продолжи понатаму, а Украина и Молдавија ќе ги започнат преговорите, изјави синоќа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за МРТВ.

Вицепремиерот е оптимист дека можеме да успееме и да ги завршиме обврските „ако сите ја сфатиме нашата одговорност и ако се соочиме со фактот дека ќе нѐ заминат сите држави во регионот“.

Маричиќ демантира дека постојат држави кои имаат забелешки и кои ќе нѐ спречат да продолжиме со преговорите.

-Тоа нема врска со реалноста бидејќи на дневна основа имам контакти со сите држави членки и никој тоа не го најавил ниту постои такбо нешто. Скапо ќе нѐ чинат ваквите изјави како држава, а граѓаните скапо ќе ги платат заблудите во кои ги доведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, рече Маричиќ како реакција на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека пет земји-членки на ЕУ сметаат дека Македонија не е подготвена ниту за преговори за членство.

Маричиќ говореше и за употребата на европското знаменце во Собранието.

-Секогаш со оправдани и валидни аргументи според европското законодавство сме го употребувале европското знаменце во донесувањето на законите.

Доколку дојде до најавуваните измени на Деловникот за Собранието и ако нема веќе можност за блокада со бескрајни амандмани прашањето за користење на европското знаме ќе биде надминато. Не треба да ни сега доскусија бидејќи за секој закон сме дале образложение зошто треба европско знаме, истакнал Маричиќ.

Николоски обвини пред два дена дека „најмалку пет земји членки на ЕУ, но не Германија, мислат дека Македонија не заслужува ниту почеток за преговори за членство со ЕУ, пред се заради високо ниво на криминал и корупција, и затоа не се врши притисок врз Бугарија“.

Слични содржини