Маричиќ од Котор: Веќе се усогласени нашите обврски до единствената област за плаќање во евра, зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, како и слободните Вај-фај зони на јавните простори

од Nikola Popovski
143 прегледи

„Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија. Во една реченица тоа е главната порака од Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и на министрите за финансии од земјите од регионот со највисоките претставници на Европската Комисија и на финансиските институции на ЕУ задолжени за успешна и навремена имплементација на Планот за раст. Како носечки ресори во Владата на Северна Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот“, рече првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ кој во видео изјава за медиуми ја нагласи важноста за Планот за раст на ЕК за  Западен Балкан.

-Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел. Веќе се договорени и усогласени нашите обврски за Пристап до единствената област за плаќање во евра, за Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри. Утврдени се и следните чекори, истакна Маричиќ.

Според него, еден од нив е работата на проектите за Академија за единствен пазар за да се осигура дека националните системи целосно се усогласуваат со оние на ЕУ.

-Од исклучителна важност е прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.Како трет приоритет до следната средба е договорено да работиме на придружувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата на ЕУ за критични лекови и медицинска опрема за зајакнување на националните здравствени капацитети.За сето ова должиме благодарност до ЕК за постигнатите цели досега и за нивната тесна соработка со нашите институции.

Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан и на Северна Македонија е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес. Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Северна Македонија и на регионот и Европа, кажа вицепремиерот во своето обраќање.

Слични содржини