Маричиќ од Рим: Италија е уште еден голем поддржувач на С. Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
233 прегледи

Денес и утре, првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во официјална посета на Рим, Италија, каде што ќе оствари повеќе средби со претставници од Италијанската влада, за почеток Вицепремиерот Маричиќ оствари средба со заменик министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Едмондо Чириели.

На средбата со заменик министерот Чириели беа зацврстени и потврдени ставовите на Италија и поддршката која ја добиваме како држава кандидат за полноправно членство во ЕУ.

Маричиќ ја истакна својата благодарност кон Италија, која е една од државите со која чувствуваме поврзаност, културна, цивилизациска и пријателска и со која стратешки можеме да ги планираме следните чекори за пристап кон европското семејство.

На средбата беше истакната важноста за Планот за раст за Западен Балкан со кој Европската Унија подава рака на земјите кандидати од регионот за забрзан пристап со што државата ќе има суштинско вклучување во дел од единствениот пазар на ЕУ.

Учесниците се сложија дека приклучувањето и интергацијата на Северна Македонија и Западен Балкан е од големо значење за ЕУ, за регионот како и е од полза за сите граѓани од Западен Балкан. Најголемите придобивки се гледаат во мобилноста на младите, како и отворени можности за компаниите и социо-економскиот развој.

Слични содржини